Држави со најмногу милионери во светот
САД доминира преку уделот што го има во светот, кога станува збор за милионери. Над 40% од луѓето со богатство од најмалку 1 милион долари живеат во САД. Јапонија се наоѓа на второто место со 12% од вкупниот број милионери во светот. Кина во однос на нејзината економија има релативно мали 5% удел. Интересно е што Русија ја нема во првите десет земји на листата, што претставува изненадување со оглед на тоа што Москва е еден од градовите низ светот со најмногу милијардери.
Табелaта ја покажува светската дистрибуција на индивидуалци со богатсво од еден или повеќе милиони долари во 2016 година.