Словенечките компании во Иран направиле договори вредни 10 милиони евра

Словенечките компании направиле договори во Техеран, вредни 10 милиони евра.

Зделките се договорени на словенечко-иранската деловна конференција. Станува збор за зделки на четири словенечки компании Duol, Iskra, Margento и Litostroj Power.

Словенечкиот претседател Borut Pahor неодамна пред крајот на дводневната посета во Иран, ја отвори амбасадата на Словенија во Техеран, која поради штедењето во последните години беше затворена, поттикнувајќи ги особено со својата посета продлабочувањето на економските врски помеѓу двете земји.

Сегашната трговска размена помеѓу Иран и Словенија се уште е под 50 милиони евра на годишно ниво, при тоа дури 90% е извоз на словенечки стоки во Иран.

error: Content is protected !!