Правилото 10/10/10 кога треба да донесете тешка и важна одлука
Сè би било подобро кога би имале “undo” копче откако одлуката ќе ја донесеме и спроведеме. Еден од најлошите “непријатели” во решавањето на конфликти е задоволувањето на кратките, бурни емоции. Луѓето најчесто се жалат поради одлуките кои ги донеле кога биле премногу лути, алчни, уплашени… Сè би можело да биде подобро кога би имале “undo” копче. Но не можеме да ги поништиме одлуките кои сме ги донеле, затоа мораме внимателно да бираме.
Многу полесно е да решите и да согледате проблем кога со него се соочува некој друг. Кога треба ние самите да донесеме одлука, кога треба да се фатиме во костец со проблемот, тогаш како да не можеме да се извлечеме од лавиринтот. Заслепени сме, и се вртиме во круг. Затоа постојат техники што го олеснуваат донесувањето на комплицирани одлуки.
Една од тие техники ги смислила Suzy Welch, авторка на повеќе книги за бизнисот. Нејзината книга 10/10/10 ни помага да ги појасниме одлуките во три временски делови:
Како ќе се осеќате за 10 минути (од моментот кога ќе ја донесете одлуката)?
Како ќе се осеќате за 10 месеци?
Како ќе се осеќате за 10 години?
Ова правило елегантно ни става до знаење дека секоја важна одлука има краткорочно и долгорочно влијание. Особено е важно долгорочното влијание за кое често не ни размислуваме.
Можеби вашиот раскин и за 10 месеци ќе боли, но за 10 години ќе имате друга, здрава и среќна врска и подобар живот. Можеби кариерата која сте ја избрале ќе се покаже добра во првите 10 месеци, но за 10 години ќе мора да ја менувате… Тоа што одбивате со колегата или колешката да направите непријатен разговор, само ги задоволува краткорочните емоции.
Секако тоа не значи дека долгорочната перспектива е секогаш онаа вистинската. Правилото 10/10/10 ни овозможува да ги согледаме различните временски перспективи, и дава сигурност затоа што задоволувањето на краткорочните емоции не е единствен мотив во донесувањето на важни одлуки.