Помош од државата ќе добиваат компании кои ќе вложат 100 000 евра и ќе вработат 10 луѓе
Владата на Србија ја спушти границата за добивање државна помош од 150 000 евра за вложување на 100 000 евра со обврска да се вработат најмaлку 10 луѓе, дознава и пишува српски “Blic”.
За секое ново отворено работно место државата на инвеститорите ќе им плаќа од 3000 до 7000 евра, во зависност од подрачјето во кое се вложуваат пари. Најдобро ќе пројдат тие што имаат намера да покренат или да го прошират бизнисот во неразвиените краеви во Србија. По овој “рецепт” тој што ќе вложи во Власотинце ќе добие 7000 евра по работно место, а во Белград само 3000 евра.
Освен овие пари, инвеститорите од државата ќе добијат и помош во основни средства и тоа од 10 до 30% од вложените пари. Треба да се каже дека, пред тоа тие ќе мораат да обезбедат 25% од вредноста на вкупната инвестиција од сопствени извори.
Со регулатива е јасно предвидено средствата да се исплатуваат на рати. Износот на секоја рата сега се утврдува во процентуален износ во однос на вкупниот износ на доделени средства- објаснува нивниот соговорник.
Сознанијата на “Blic” ги потврди и министерот за економија Горан Кнежевич.
Беше потребно да се измени регулативата за да обезбедиме континуитет на економскиот раст по пат на директни инвестици, да добиеме нови капацитети, технологија, да отвориме нови работни места. Со регулативата ја засиливме и контролата за исполнување на договорените обврски. Акцентот е на вложување во неразвиени и девастирани општини и да се обезбеди поддршка за оние кои вложуваат најмалку два милиони евра во отварање на најмалку 100 нови работни места во рамки на своите проекти – кажува Кнежевич.
Услови за добивање на стимулација
Кој не може да добие помош
- Компаниите во потешкотии кои не ги подмириле обврките спрема државата и тие кои го намалите бројот на вработени за 10% во последните 12 месеци и компании во која државата има сопственички удел
Обврски на инвеститорот
- Редовно да ги исплатува платите најмалку во висина на минималната плата, рокот за реализација на инвестицијата 3 години, до рок за реализација на проекти од посебно значење до 10 години и 25% од вкупната инвестиција мора да ја обезбеди инвеститорот
Стимулација по работно место
Македонија треба да го следи овој позитивен пример.