UrbanMapBook – социјална мрежa за кооперативно урбано мапирање преку користење на дигитални траги

The URB CLV претставува млад македонски старт ап кој развива платформа UrbanMapBook – социјална мрежa за кооперативно урбано мапирање преку користење на дигитални траги. Платформата за развиток на специфични аналитички алатки за мапирање се користи преку градење на тимови online. Она што го предлага младиот колектив на урбан дизајнери, архитекти и програмери е отворена платформа за собирање на информации од градот која симултано ќе функционира и како социјална мрежа.

Следејќи ги аксецелаторските чекори на динамичната урбанизација и растечката потреба за подлабок фокус во урбаниот дизајн, пресекот на алатки кои би го подржале урбаниот дизајн, социјалните студии и big data се голема можност за иднната на архитектурата во градот. Ваквите алатки се потребни за најпрвин да се разбере и декодира организмот на градот, второ во истражување на како овие најдени анализи ќе понудат можности за идната форма и дизајн на градот и трето да идентификуваат околности за алтернативни сценарија.

Во следните два дена може да се подржи идејата на платформата за Future Architecture на следниот линк  http://futurearchitectureplatform.org/projects/cafea09d-a2a4-4666-b7c1-98ed7e24ea0c/.

Повеќе информации за проектот на Facebook страната https://www.facebook.com/theurbclv/ или на официјалниот сајт http://www.theurbclv.com

error: Content is protected !!