Британско-македонскиот стартап Cognism обезбеди seed инвестиција од 500.000 долари

Британско-македонскиот стартап Cognism обезбеди seed инвестиција од 500.000 долари за развој на нивното решение што ќе им овозможи на продажните организации поголема ефикасност и приватност во согласност со начинот што го очекуваат нивните клиентите. Овој циклус беше предводен од Netcetera, а се со цел да се скалира тимот на Cognism за натамошен развој на нивното главно решение. Покрај South Central Ventures уште неколку институционални и ангел инвеститори беа вклучени во овој процес: Tsingbay Venture Capital, Tom James, James Hodson, Usman Khan и други. 

Cognism e прогресивно (end-to-end) продажно решение што им овозможува на продажните организации на поефикасен начин да истражуваат. Cognism е чиста технологија за вештачка интелигенција за продажба што генерира дата база на потенцијални купувачи која ја скалира, прочистува и збогатува и преку тоа им помага на продажните тимови да растат и да се скалираат преку сите нивоа на продажниот процес.

Овој стартап е лоциран во Лондон, Англија и Скопје, Македонија.

error: Content is protected !!