Дали 2017 ќе биде година на дронови?
Минатата година имаше многу што да ни покаже, по прашањето за можностите кои ги имаат беспилотните летала, популарно познати како дронови. Ова не се однесува само за поединечните сопственици, туку за цели заедници или компании. Развојот на технологијата што е поврзан со дроновите толку брзо напредува, што навистина ни изгледа близок моментот кога дроновите ќе вршат голем дел од работите кои моментално ги вршат луѓето. И баш поради тоа изгледа дека 2017 ќе биде година на дроновите.
Google и Chipotle тестираа достава на храна во кампусот на Virginia Tech, и тоа помина повеќе од добро. Но тоа е само дел, побитно е што дроновите почнаа да ги користат градовите ширум светот во спасување на човечки животи бидејќи нема ризик да ги пратиш на места каде што има лава, на планина, преку океан или пустина… Исто така, дроновите помагаат за проверка на патиштата, мостовите, тунелите и градилиштата.
Сето тоа ги мотивираше Intel, Yuneec, DJI, Sensefly и GoPro да се вклучат на пазарот односно со своите иновации дополнително да помогнат во развојот на технологијата. Дури и FAA (Federal Aviation Administration), донесе одлука да ги тргне бројните забрани и со тоа да го отвори “небото” за непречен сообраќај на комерцијални дронови. Токму тој дел е битен бидејќи до минатата година забраните беа тие што го кочеа развојот и ширеа паника затоа што дроновите можат да се користат и за несакани цели како што се терористички напади, шпионирање, неовластено снимање на разни настани итн.
Со комерцијалните дронови тоа се менува, се добива една нова димензија во целата приказна и затоа во 2017 година може да се очекува како никогаш до сега поголем прилив на инвеститори и со самото тоа забрзување на развојот на технологијата, ширење на областите на кои дроновите ќе бидат од корист.. И со тоа доаѓаме и до ситуација во која во воздухот ќе бидат околу 20 000 дронови, што е четири пати повеќе од 2016 година.
Секако тоа значи дека уште големи “играчи” ќе влезат на пазарот, а под големи се мисли на IBM, GE и Uber.
Што на крајот ќе значи големо намалување на цената на дроновите, а се очекува тоа намалување да изнесува и до 30%, со тоа дополнително за многумина ќе стане подостапен. Затоа 2017 ќе биде година на дронови.