Ова “оружје” ја чува американската економија од колапс

Michio Kaku е еден од најпознатите физичари на денешницата, автор на многу бестселери, футурист и човек кој науката ја приближи на пошироката јавност во едно видео од пред неколку години во само неколку минути објасни што ја чува американската економија од колапс.

Снимката е во светло на неодамнешната забрана на Trump за влез на муслимани од седум држави, која повторно стана популарна на интернет. Еве што Kaku збореше пред неколку години:

-Америка има тајно оружје. Тоа тајно оружје е H-1B, без H-1B научниот естаблишмент на оваа земја ќе се сруши. Заборавте на Google, заборавете на Силиконската долина, не би имало Силиконска долина без H-1B! А дали знаете што е H-1B?  Тоа е виза за гении! Во ред?

Мора да разберете дека во Америка 50% од луѓето кои имаат некаков докторат не се родени во Соединетите Американски Држави. На мојот факултет, еден од најголемите американски факултетски центри, 100% од кандидатите за докторати се државјани од странство.

Соединетите Американски Држави се магнет кој ги голта сите најголеми умови на светот, но сега тие “мозоци” се враќаат назад во своите земји. Се враќаат во Кина. Се враќаат во Индија. А луѓето се чудат. ” О боже мој, сега постои Силиконска долина во Индија, о боже  мој сега постои Силиконска долина и во Кина”.

Тоа се случи благодарение на САД. Затоа немојте да ми зборите како знаењето е генератор на просперитетот во САД, ако ја тргнеме H-1B визата од сето ова, ќе се сруши комплетно американската економија.

Wall Street Journal бришеше патос со конгресменот кој се залагаше за укинување на H-1B визата сметајќи како имигрантите им ги земаат работните места на американците. Wall Street Journal додаде,  гледајте нема Американец кој би можел да ги работи тие работи. Тоа се работни места на највисоките научни нивоа, на највисоките технолошки нивоа, Тие луѓе не им ги земаат работните места на Американците, тие луѓе создадоа цела индустрија.

Поради тоа имаме Ахилова пета. Тоа е нашиот образовен систем. Предмети како социологија нема да бидат тие кој ќе одлучуваат за нашиот иден економски развој, за иднината на Силиконската долина. Иднината ќе зависи од физичарите, инженерите ние имаме потреба од нив се поголема, ни требаат се повеќе, а не помалку- рече Kaku.

Да не отвараме тема каков кадар продуцира Македонија, и како и тој малку квалитетен кадар претежно инженерски заминува на Запад, при тоа филозофскиот кадар сигурно нема да ги замени нив.

error: Content is protected !!