10 работи кои ја обесхрабруваат вашата лична емоционална, ментална и економска независност
Почитувани читатели, не знаевме дали да го објавиме овој текст што некој анонимно ни го испрати но сметаме дека и покрај саркастичниот и навистина чуден стил на изразување, причината поради која решивме да го објавиме беше да го поттикнеме вашето критичко размислување и да се замислиме за некои работи. Macedonian Business Hub се оградува од текстот што ќе го прочитате.
1. Преголема заштита од родителите во детството и непоттикнување кон независност туку кон фамилијарна материјална и емоционална зависност
– Преголемата заштита на децата во текот на нивниот развој, училишна возраст, правење работи во негово име, заштитување, оправдување на непроактивност на детето, оправдување на пасивност, непоттикнување на независност, преголемо материјално помагање а од друга страна недавање поддршка и насочување за независност, креира целосно зависна, несигурна, фрустрирана и оштетена личност која живее половина во фантазија за иднината (која му ја ветувале родителите) и постојано ја избегнува реалноста за подобро да се чувствува за себеси.
2. Вредностите и менталитетот се уште ни датираат од средновековното деспотство на Византија која се прелеало со екстремен социјализам
– Живееме во речиси слободен свет и сметаме дека си ја познаваме историјата. Но едно блиц прашање е каде бевме пред Турците односно Отоманското Царство ?
– Не знаеме дали случајно и зошто ни е избегната историјата за Царството кое било најсупериорната империја во Европа со континуирано траење од 1200 години?
– Во царството Византија (мултинационално) царевите ја искористиле религијата за да креираат супресираност па зборовите за супресија на личен успех сеуште ни ги кажуваат вашите баби, мајки и татковци: „Немој да си ја поганиш устата“, „Ако некој е богат тој е зол, каде ќе му оди душата“, „Ако најдеш злато тоа мора да е вакавско, ако го земеш, ќе ти умре козата, жената и најмилото…“, како и сите пренесени фрази од типот „оти така било од старо време“
– Ако мислиме дека горенаведените работи се од библијата ќе се излажете, тоа се делови од Јустинијаните закони или подобро да ги наречеме законите на неговата жена Теодора, бидејќи се целосно емоционални уцени и супресии. Стратегијата на Византиските цареви била да се обезбеди Царот од Востаниците кои најчесто биле побогати и успешни индивидуи како Самоил и уште десетици слични примери низ вековите. Заклучокот дека сите поуспешни се закана на царот Императорите со помош на извртување на религијата направија пропаганда која трае 17- века и е присутна во сите Земји кој ги презеле вредностите од Византија односно подоцна екстремниот социјализмот.
***Повеќе за Јужните Словени, Византија , Јустинијан и законите на Теодора која како сарказам ја наведувам ќе пронајдите на wikipedia заедно со сите преданија и навики (буквално цитирани) кој ви ги кажува мајка ви и баба ви па ќе се чудите како тоа било од Теодора а не од библија.
– Денес инстиктивно имаме нарив да критикуваме се што е успешно и да имаме теорија дека се тоа е зло (вклучувајќи ги и независните успешни примери) и дека непостои независен успех, се е позадинско и се е зло или ако е признаено е поради централниот авторитет.
– Целата филозофија на деспотијата во Византија е да Не размислуваш, да немаш став, да го закупиш својот живот со лојалност кон царот и господ и да веруваш дека ништо не зависи од тебе (па затоа и нема логика нешто да правиш) туку се зависи од централиот авторитет и господ.
– Чудно е како после 600 години после Византија а и плус 1000 години до тогаш од пропагандата на Теодора (која била проститутка пред да стане жена на Јустинијан), значи вкупно 1600 години, пропагандата е успешна се уште а нашите денешни политичари инфертилно не можат да наметнат вредност за еден животен век и просперитет во иднина.
– Никогаш и потсвесно сами не можеме да станиме успешни бидејќи ако веруваме во тоа значи дека треба сами да се минираме и да не се сакаме, ако сме успешни бидејќи нема да отидеме во рајот или едноставно не знаеме зошто. Интересно нели.
– Со ова носиме инстинкт или вредност, верување кој е погубно за било каков развој на било кое ниво на лична единка или општество
3. Традиционални норми и човечки навики
– Традиционалните норми и навики се наследени од нашите родители. Повеќето навики сеуште се навики од Екстремниот Социјализам од СФРЈ каде исто како во Византија со лојалност а не со работа и грижа за себе се задоволуваат животните потреби.
Од кога се „Друже Тито , ми ти се кунемо“ и правиме се како што ќе речеш бидејќи не ни се оди на Голи Оток, па еве дури и денес знаеме дека ако сме лојални на партија не мора да работиме на работа и ќе нишаме врата па некој будала ќе плаќа данок а ние ќе земаме плата.
– Целосно дестимулирачки за економијата, за економската независност и секако не за доброто на заедницата. Едноставно тоа е предадено од нашите родители и колку да знаеме како треба едноставно потсвесно половината сме „ретро“ присутни во друго време и место само не во 2017-та а и не сакаме да ја видиме реалноста бидејќи ќе треба да се откажеме од Социјалистичкиот Дембелав сон на „Што убаво ни беше“ (најверојатно бидејќи тогаш немавме видено друго а ако видевме и укажевме можеше и да непрогледаме повеќе)
4. Колективистички рамки на секое ниво, „опис и попис“ на секој поединец
– Независно колку и да се лажиме дека сме станале индивидуалисти, колективистичката контрола на секое ниво постои. Од одделение на училиште, улица, генерација, Град, друго населено место, припадност кон било која заедница, друштво, партија, здружение буквално сите имаат виртуелен но егзактен опис и попис за Вас.
– Се што правите каде сте направиле, како сте направиле, како живеете, кој лајкате а што немате уште лајкано на фејсбук, со кој сте на слики, на кој што му рековте и со кој живеете а со кој сте скарани. Се е евидентирано.
– Се се евидентира на потсвесно ниво за доколку не играте по правилата на колективитетот, контролата се прави за да ве одстранат , да ве усрамат, да ве подмолно саботираат да ви зборат зад грб за да се воспитате сами и да НЕ делите, да бидете обични патолошки паталци кој најчесто мораат да се жалат од животот независно дали има тоа смисла или не. Не знаеме се уште дали ова е Поради Византија или екстремната социјалистичка пропаганда која се уште 30 години нашите политичари не можат да го сменат а и не верувам дека нашите политичари се свесни што е пропаганда и како се менува менталитет и вредности.
5. Генетски предиспозиции кон иновативност но немање вредности за креирање вредности и правна коректност
– Независно кој сакаме да бидиме постојат егзактни научни испитувања па за нашиот регион најчесто сме мешани генетски од 4-7 стари народи.
– Научните испитувања потврдија дека оние нации кој имаат мешан ген се поиновативни и поуспешни само доколку има силно почитување и правните норми со казни како и вистински вредности во опшеството за личен и опшстествен развој.
– Мешаниот ген води кон поголема интелигенција, флексибилност и иновативност но помалце кон држење до зборот па затоа правната коректност во опшеството е пресудна за мешаните нации
– Пример за успешна мешана нација каде владее правен систем е САД,
– Пример за неуспешна мешана нација се неколку Афрички земји каде владее граѓанска војна и нелогичко крвопролевање поради отсуството на вредности и правна коректност
– Почистите генетски нации од друга страна имаат многу послаб биолошки имунитет, се премногу конзервативни но не се манипулативни и најчесто прават тоа што ќе го речат односно секој држи до својот збор па и не им треба строги правила за да опстанат.
6. Пренагласена Емоционална Поврзаност
– Живееме во опшество кое нема нови норми за нас па затоа си ги живееме сите влијанија нарочито од средниот век.
– Имаме поврзаност со пријатели, со фамилијата, поврзаност со друштвото, со друштвото на работа, со друштвото од класот, пекаме да се видиме со друштвата кои нели се мали колективитети кои ни прават опис и попис и внимаваат да не успееме во нешто за да можат да не отргнат и емоционално супресираат за да мораме да се вратиме на вистинскиот беден пат на припадност.
– независно од тоа што се потсетивме дека сите наши емоционални поврзаности се во заедници и колективитети имаме и лични поврзаности, емоционални врски и слично.
– кога се предаваме како 90% од нас во овој менталитет тогаш фрустрации од беспарици, беда , немоќ , пасивност и мизерија ни изгледаат поблаги.
– кога сме припадници и доволно покажиме мизерија секој колективитет е желен да помогне до некоја мерка. Бидејќи имаме повеќе емоционални поврзаности и припадности тоа ни компензира за потребата од материјални средства.
– Научно е докажано дека емоционалната поврзаност ја намалува потребата од финансиска независност бидејќи се наоѓаат на исто место во човечкиот мозок и прават иста слична хемиска активност во телото, Односно даваат чувство на сигурност.
– Запаметете дека бедата и финасиската мизерија, фрустрациите за неуспешен живот секогаш ќе ви ги компензира емоционалната поврзаност и ќе ги направи поблаги. Но кога друштвата ќе исчезнат, фамилиите ќе се намалат сурвоста на нереализираниот и беден живот ќе ви ги подари најдепресивните и најтешки моменти во животот.
7. Недостаток на успех и примери од најблиските и предците
– Кога зборваме за успешниот запад забораваме дека имаат традиција од ~300 години целосно регулирана приватна сопственост, претприемачите постоеле пред векови, фамилиите имале примери да видат и да научат, вредностите им се предавале од прва рака од роднини , пријатели и општеството.
– Ние не можеме да бидиме успешни бидејќи немаме многу примери од опкружувањето ниту од родителите ниту од роднините ниту од општеството.
– Останува да бидиме проактивни и да научиме од искуствата на другите и да преминеме на дело додека не успееме или да си продолжиме со саркастичните вредности кои ни ги подари Тедора во 5 век и на кои сме толку горди јанзачи и трујачи на останатите само кога никој не гледа, бидејќи лично сме многу добри и никого не сакаме да повредиме или барем ние сакаме да си мислиме така за да излеземе добри пред вредностите на Теодора односно Господ, односно Царот, лидерот на партијата, или едноставно „оти така било“ од на времето
8. Недостаток на проактивност
– Иако ова се е факти и ни се случува независно од вашите денешни сфаќања и мислења кои не се разликуваат од сфаќањата на вашиот комшија и од сфаќањата на сите околу вас денес постојат информации, сите имаат интернет ретко кој е проактивен и умее умешно да побара информации за личен напредок на било кое поле за да се снајде и успее. Не затоа што не може туку затоа што не му текнало повеќе сака да припаѓа а припаѓаме се уште во колективитети а тие ни прават опис и попис за да не случајно се смениме…. Итн истото најверојатно и после 17-тиот век после Теодора
9. Одење по поблискиот и полесниот пат
– Ние сакаме да се обезбедиме финасиски и многу сме паметни затоа Македонија излегува како прва земја по betting(кладење) во светот или за заинтересираност за кладење според google. Не дека имаме секакви информации од како се прави бизнис , до учење за било која област бесплатно ние, туку бидејќи нашите родители не учеја да сме најпаметни си веруваме дека со кладење ќе „зафркнеме“ индустрија која со математичка веројатност никогаш не е во загуба но постојано живееме со надеж дека ќе ги фатиме утакмиците иако само Милан не… Па нели 17 век сме учени дека ништо не зависи од нас, да си бидиме лојални кон Господ и Царот (според Теодора) да седиме пасивно и најмногу што може е да сме лојални. Па кога ништо не зависи од нас најдобро е да седиме и да се кладиме па може ќе ни опали среќата? Па јасно е нели.
10. Потрага по социјално признание пред личен напредок
– Дури и ако некој имал доволно волја силна да успее на овие простори тоа најверојатно се случило поради задоволување на личната потреба за социјален статус а од кога ќе ја добие пример доколку е претприемач, славен глумец, или слично за брзо ја губи контролата, ги троши заработените пари неконтролирано на нерационални добра и луксузи и за брзо време се враќа во колективистичката нормала на патетика бидејќи никогаш не ги правел работите што ги сака за други туку за своја лична биолошка потреба. Немаме навики, немаме вредности за идното време, немаме култура и имаме недостаток на принципи за живот во иднина.
Независно од се горе напишаното за сите овие негативности кои ни се случуваат постојат решенија. Можеби оние 10% од нас кои се пробудиле и смениле ќе споделат.
Со Поздрав,
Mr.Limitless