Facebook оди кон вметнување реклами во средина на видеото
Facebook заврши со тестирањето на огласите кои ќе се појавуваат на половина од видео снимките и со самото тоа стануваат достапни на сите заинтересирани огласувачи, на кои им се ветува цела низа предности доколу се одлучат за оваа нова можност за пласирање на своите производи или услуги на пазарот.
За корисниците тоа значи дека во текот на гледањето на некоја видео снимка отсега ќе ги гледаат огласите на самиот почеток, како што беше последните неколку години на разните платформи, односно на средина, што ќе го отстрани проблемот со пуштањето на огласот и кочењето кое што знае да се појави откако видеoто ќе започне.
Сигурно ова не е воопшто пријатна ситуација за корисниците, кои се бомбардирани од сите страни, но сепак изгледа Facebook иде чекор понапред од сите останати и е свесен дека со 1,9 милијарди активни корисници месечно може да поставува услови и да се однесува баш онака како што сака, а секако сака и да продолжи да биде машина за правење пари како што и досега е.
Но тоа не е се, огласите ќе можат да се поставуваат и во видео содржините кои идат во живо, а би траеле до 20 секунди и би се појавувале пред очите на минимум 300 гледачи. Накратко, се мислело на се и сега тоа треба да се наплати бидејќи со сигурност огласувачите ќе побрзаат да се вклучат во оваа приказна.
Имено, особата која ќе дојде до половина од видео снимката дава до знаење дека е заинтересирана за неа и 87% од нив ќе продолжат да гледаат и кога ќе заврши прикажувањето на огласот, додека кај видеата кои имаат огласи на самиот почеток шансите да продолжат да гледаат се многу помали и изнесуваат 44%.
Исто така, Facebook потполно станува како YouTube и на сите кои имаат повеќе од 300 гледачи на видео содржините во живо и повеќе од 2000 фанови на својата страница, им овозможува заработка од огласот и тоа во сооднос 55-45 за сопственикот на видео содржината.