Во оваа развиена држава се бараат странски работници зошто домашните се дрогираат

Премиерот на Нов Зеланд, Bill English, предупредува дека неговата држава мора да се потпре на имигрантски работници, бидејќи Новозеланѓаните се дрогираат.

Тој објаснува дека многу локални работници не можат да ги поминат тестовите за дрога кога аплицираат за работно место,

Само во првиот месец оваа година во Нов Зеланд пристигнале 71 300 луѓе, покажува статистиката. Објаснувајќи зошто 140 000 невработени Новозеланѓани не ги поминуваат тестовите за работно место во државата со 4,8 милиони жители. English, додаде дека “една од најтешките работи- е да се помине тестот за дрога”

“На работно место не можете да имате особа која е под влијание на дрога, а многу млади луѓе не се во состојба да го поминат тој тест” објаснува премиерот на Нов Зеланд.

Истражувањето објавено во 2012 година во специјализираниот медицински магазин Lanset, покажува дека Австралијанците и Новозеланѓаните, имаат една од највисоките стапки на конзумирање на канабис и метамфетин во светот, пренесуваат економските портали.

error: Content is protected !!