Американците за прв пат испија повеќе флаширана вода од газирани пијалоци

После децении на раст на потрошувачката на вода во шишиња Американците за прв пат во 2016 година испија повеќе таква вода отколку газирани пијалоци.

Податоците од истражувањето на консултантска компанија Beverage Marketing Corporation објавени се во момент кога се повеќе расте загриженоста поради влијанието на засладените пијалоци на здравјето. Неколку американски градови во ноември изгласаа даноци за газираните пијалоци за да се борат против дебелината и дијабетисот.

Потрошувачката на вода во шишиња минатата година во САД достигна 148 литри по жител, додека потрошувачката на газирани пијалоци паднала на 145 литри по жител, според податоците од истражувањето на компанијата.

Крајот на девеесетите и во првата деценија на 21 век потрошувачката на газирани пијалоци редовно надминувала 189 литри по жител.

“Кога во 1970-тите Perrier пристигна на пазарот малку беа тие што можеа да предвидат до кои висини водата во шишиња ќе се искачи” рече претседателот на консултантантската компанија Michael Bellas.

Би било интересно во Македонија да се направи истражување за потрошувачката на вода во шишиња, во однос на потрошувачката на газирани пијалоци, но ако видиме колку компании за производство на флаширана вода се отворија во Македонија во последните 10 години, очигледно потрошувачката на вода во шишиња расте, исто како што расте и нејзиниот извоз.

error: Content is protected !!