Вработен во НЛБ Банка украл 2 милиони франци и 270 илјади евра од трезорот на банката
ФАКТОР дознава дека во текот на вчерашниот ден се случил невообичаен грабеж во НЛБ Банка.
Официјално МВР ги потврди овие информации за Фактор.
Имено, околу 16,58 ч директор во НЛБ Банка (екс Тутунска), телефонски во ЕИК -Скопје пријавил дека од страна на нивни вработен од трезорот на НЛБ се одземени околу 2 милиони франка и 270 илијади евра, истиот ги ставил во кеса и неприметен од никого се упатил во непознат правец.
МВР работи на случајот и негово расчистување.