Мини саем на CEED Business Club
Како дел од програмата на co-working month организираме различни настани меѓу кои се вбројува и Мини Саемот на CEED Business Club.
Посетителите ќе може да се запознаат со различните производи и услуги кои ги нудат компаниите (членки на клубот), почнувајќи од: правни совети, EQ консултации, канцелариски материјали, мобилни апарати, таблети, рачен алат, анатомски перници, софтверски и останати IT работи…, па се до дегустирање храна и разменување искуства и контакти.
Саемот е отворен за членовите на CEED Business Club-от, старт-апи, микро и мали претпријатија, фриленсери, студенти, невладини организации и учеснички од пред-акцелераторската програма за старт-апи основана од жени на ИМЕ Проектот во партнерство со ЦЕЕД Хаб Скопје, кои ќе имаат можност да се запознаете со производите/услугите на компаниите “изложувачи“ и да добијат најдобра можна понуда.
Ве очекуваме на дружење и вмрежување во инспиративна атмосфера, проследена со убава музика и „Златен Даб”!
12 Април од 2PM до 5PM , во CEED Business Club, Загребска 28