Запознајте го Кинезот кој го пресели производството во САД бидејќи му е поевтино

Се навикнавме да слушаме како големите компании од САД го преселуваат своето производство во Кина, како би заштедeле на работна сила и други трошоци на производство. Во овој случај, се случува нешто обратно. Кинеската компанија која произведува стакло се одлучи своето производство да го пресели во САД, како би заштедила финансиски средства.

Претприемачот Cao Dewang повеќето од своите производи ги извезува во САД. Без разлика што трошоците за производство во САД се значително поскапи отколку во неговата Кина, сепак на него повеќе му се исплаќа да произведува во земјата во која извезува, отколку да плаќа транспорт на робата.

Земено се на се, даночното оптоварување за производителите во Кина е околу 35% поголемо отколку во САД, изјави за China Business Network, Cao Dewang.

Тој додаде како откако ќе ги израчуна трошоците за земјиште, цената на енергенсите и комбинацијата на различни стимулации, повеќе се исплати да се произведува во САД отколку во Кина.

Cao Dewang плански инвестираше преку милијарда долари за својата компанија Fuyao Glass да ја пресели во САД. Во градот Морејн, во близина на Дејтона, во државата Охајо, инвестираше во погони за производство. Ја искористи  постоечката инфраструктра, каде што пред Fuyao Glass ги користеше General Motors. Тие производсвени погони, до неговото доаѓање беа празни, од крахот кој се случи во 2008 година.

Вработил преку 2000 работници, во погонот за производство, а кога фабриката ќе биде со полн капацитет бројот на вработени ќе порасне на 3000 луѓе.

На одлуката целиот свој бизнис да го пресели во САД влијаело меѓу останатото и порастот на трошоците за превоз и платите на работниците во Кина.

– Во последните четири години платите на работниците во Кина пораснаа за 4%, рече Dewang.

Тој додаде и дека цената на транспортот во САД е под еден јуан по километар, и дека патарината во Кина, е истотака поскапа од таа во САД.

Истакна и дека многу мали и средни компании од Кина ги селат своите седишта во Камбоџа или Виетнам, поради порастот на трошоците за производство.

Dewang не е единствениот Кинез кој се одлучи да ја пресели својата компанија во САД. Само минатата година, 20 милијарди долари, кинеските претприемачи вложија во американскиот пазар. Но сепак, Кина и понатаму останува водечка производствена сила на светот, засега.

error: Content is protected !!