ОТВОРЕНА СЕСИЈА ЗА СТАРТАП ЕКОСИСТЕМ АКТЕРИ СО MIKE BAUR, сериски инвеститор во стартапи во рана фаза

ОТВОРЕНА СЕСИЈА ЗА СТАРТАП ЕКОСИСТЕМ АКТЕРИ СО MIKE BAUR, сериски инвеститор во стартапи во рана фаза и со-сопственик и извршен директор на Swiss Start up Factory (www.swissstartupfactory.com).

Сесијата е наменета за сите чинители на стартап екосистемот, а пред се оние кои креираат или се дел од инкубациски или акцелерациски програми. Мајк има големо искуство во развивање на успешни програми за селекција, инкубација и акцелерација на стартапи и сака истото да го сподели со вас.

Стартапите акцелерирани во неговата “Стартап Фабрика” во просек добиваат по 1.5 милиони долари само 6 месеци по завршувањето на програмата. Настанот е предвиден да биде интерактивен со многу прашања и одговори. Мајк е непосреден, директен и конкретен и поминати неколку часа со него е исто како да сте биле на неколку месечна школа за креирање и водење на програми за стартапи.

Настанот ќе се одржи во соработка со SwissEP во просториите на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот, Женевска 17б, Скопје на 19 Април, Среда, 17:00-19:00 .

Настанот е БЕСПЛАТЕН но бројот на учесници е ограничен. Пријавување или повеќе информации на: contact@newmansba.com и 076375333

error: Content is protected !!