Uber во 2016 година со загуба од 2,8 милијарди долари

Uber минатата година оствари загуба од 2,8 милијарди долари, со тоа го зацврсти статусот на најголем губитник во историјата на Силиконската долина.

Меѓутоа, растот на загубите малку успори, па во четвртиот квартал изнесуваше 991 милион долари што е 5% повеќе отколку во третиот квартал, наведува Financial Times. Во исто време приходите пораснаа за 70% за текот на целата измината година и достигнаа 6,5 милијарди долари и тоа после исплатата на возачите. Аналитичарите оценуваат дека и загубите и приходите на Uber сe над очекувањата.

“Загубите успоруваат и тоа е прилично силен чекор, дека компанијата сериозно го сфаќа преминот кон профитабилност” изјави Rohit Kulkarni, првиот човек за истражување во Sharespost. Оваа компанија се прослави со апликацијата за поврзување на возачите и патниците. Uber и понатаму е највредната технолошка компанија која не е на берза со проценета вредност од околу 45 милијарди долари.

Поранешниот директор на Uber, Jeff Jones се шалеше пред вработените како дошол во компанијата каде што очекувал P&L (profit and loss), но нашол само L (loss). Компанијата и понатаму се соочува со неколку проблеми, тврдат аналитичарите затоа што си заминуваат клучните луѓе од компанијата, а им се заканува и судска тужба поради компанијата Waymo, која е во сопственот на Alphabet (Google).

error: Content is protected !!