Важни работи кои мора да ги знаете како иден претприемач

Како прво треба да размислите добро дали претприемништвото е за вас, дали сте спремни на одрекување, макотрпна работа и борба со конкуренцијата.

Се одлучивте дека е време да покренете свој бизнис и да не зависите од некој друг. Веќе сонувате како за неколку години ќе се возите во нов автомобил, работата ќе ви цвета а вашите соседи од страна ќе гледаат со љубомора и ќе го коментираат вашиот успех. Така некако во Македонија размислуваат идните претпримачи, не сите ама поголемиот дел од нив, но само мал број на крајот ќе бидат наградени со такво сценарио или развој на настаните.

Како прво треба да размислите добро дали претприемништвото е за вас, дали сте спремни на одрекување, макотрпна работа и борба со конкуренцијата. Убаво е да се нагласи дека сите не се створени да бидат претприемачи, некој сака да ги одработи своите 8 часа и потоа да си отиде дома. И тоа е ОК. Тогаш животот станува помалку комплициран, нема толкав стрес и саботите и неделите ви се слободни.

Во претприемништвото ќе мора да се научите да работите и ден и ноќ на почетокот, никој нема да има милост спрема вас и за се вие ќе бидете крив. Заборавете на колегата од работа на кој можете да префрлите вина, на неспособниот шеф или раководителот на смена. Сега вие сте тие кои преземате целосна одговорност и се е во ваши раце. Дали сте способни на тоа? Ако одговорот е потврден, тогаш сте направиле веќе еден голем чекор спрема тоа да бидете претприемач.

Ќе мора да пазите на секој денар, да инвестирате во луѓе, постројки, образование, технологија, идеи, а не во ново BMW или Mercedes. Со парите што се наоѓааат на сметката на вашата компанија нема да можете да се расфрлате на глупости бидејќи брзо ќе го затворите тоа што сте го започнале.

im__14

 Тоа се пари од вашата компанија кои се потребни за да можете да платите луѓе, даноци и понатаму да инвестирате. Ако така се поставите тогаш шансите да останете на пазарот ви се зголемуваат. И на крај морате да го сакате тоа што го работите и да бидете горди на тоа што го работите и да го работите со цело срце. Но не заборавајте додека го правите тоа да бидете иновативни, и конкурентни. И во Македонија има успешни приказни за компании кои се направени без партиски и роднински врски, кои одлично работат и продаваат производи и услуги низ целиот свет. Ако можеле тие, тогаш можете и ВИЕ.

error: Content is protected !!