Во Силиконската долина пијан маж нападнал робот
Мажот за кој наводно бил пијан, соборил на земја робот на паркингот во трговскиот центар во Силиконската долина, а роботот во облик на јајце е во сопственост на компанијата Knightscope, пренесува Аrstechnica.
За нападот е обвинет 41 годишниот Jason Sylvain кој после апсењето не бил достапен за коментар за да објасни зошто го соборил на земја и го удирал роботот.
Роботот за среќа претрпел само мали огреботини, и за брзо време се враќа на работа.
Во истиот трговски центар минатата година се случи уште еден инцидент со робот во сопственост на Knightscope, така што се сопнал од 16 месечно дете и му ја прегазил десната нога. Детето за среќа поминало без сериозни последици.
Роботот модел K5, висок е 152 см, има способност да прочита 300 регистарски таблици во минута, и е опремен со видеокамера која снима во радиус од 360 степени. Роботот не е наоружан а откако ќе забележи неправилности праќа предупредување до чуварите.
Knightscope за еден час изнајмување на роботот наплатува 7 долари, и тврдат дека наскоро нивните модели ќе бидат во можност да детектираат оружје, а дали роботот ќе може да детектира пијани луѓе уште не е познато. Компанијата има десетици клиенти а некои од попознатите клиенти се Microsоft и кошаркарскиот тим од NBA лигата Sacramento Kings.
Новото време, носи и нови проблеми. Во иднина за очекување е да има се поголем број на вакви инциденти каде што луѓе тепаат роботи, а дали ќе има инциденти каде што роботи тепаат луѓе ќе покаже времето.