Колку вредите? Кратка мотивациска приказна која ја погодува суштината

Еднаш еден млад човек сретнал мудрец и му рекол:

“Дојдов да побарам совет, ме мачи чувство на безнадежност и не сакам повеќе да живеам. Сите ми кажуваат дека сум целосно промашување и будала. Ве молам учителе, помогнете ми!”

Мудрецот фрлил поглед кон младиот човек, и му рекол во брзање: “Опрости ми, но многу сум зафатен и не можат да ти помогнам. Постои една итна работа која морам да ја направам” на момент застана размисли и додаде:” Но ако се согласиш да ми помогнеш, со задоволство ќе ти ја возратам услугата”.

“Секако учителу!” возбудено рекол младиот човек, но со горчина во мислите зашто мислел дека неговите грижи се повторно занемарени. “Добро”, рекол мудрецот и го симнал од прстот малиот прстен со драгоцен камен.

“Земи го мојот коњ и оди на пазар! Итно треба да го продадам овој прстен за да ги отплатам долговите. Пробај да добиеш пристојна цена, и не прифаќај ништо помалку од еден златник! Оди сега и врати се што поскоро!

Младиот човек го земал прстенот и се качил на коњот. Кога стигнал на пазарот го покажал прстенот на разни продавачи, кои отпрвин го гледаа заинтересирано. Но кога слушнаа дека ќе го продаде за еден златник, многу брзо го загубија интересот. Некои продавачи му се смееле во лице, а други само го вртеле грбот. Единствено само еден стар продавач бил доволно љубезен да му објасни дека еден златник е превисока цена за таков прстен, и дека најверојатно може да добие само бакар или евентуално сребро во замена.

Кога ги слушнал овие зборови, младиот човек станал многу вознемирен, и се сетил на зборовите на мудрецот кој му кажал да не прифаќа ништо помалку од златник! А веќе го прошетал целиот пазар помеѓу стотина луѓе….. Се качил на коњот и отишол. Многу депресивен поради својот неуспех се вратил да го види мудрецот.

“Учителу не можев да го исполнам вашето барање”, рече тој. “Најмногу што можев да добијам е сребро, но вие ми рековте да не се согласувам за ништо помалку од златник! Ми рекоа дека овој прстен не е толку вреден”.

” Тоа е многу важна работа, мој млад човеку!” му рекол мудрецот. Пред да го продадеш прстенот, не би било лоша идеја да утврдиш колку е неговата вистинска вредност. А кој може да го направи тоа подобро од златар. Отиди до кај него и дознај која е неговата цена. Само, немој да му го продаваш, без обѕир колку ќе ти понуди! Веднаш дојди кај мене”!

Младиот човек го послушал мудрецот и одјавал до златарот. Човекот преку стаклото кој го зголемувал зумот, долго го прегледувал прстенот, и потоа го измерил. На крајот се свртел кон младиот човек и му рекол “Кажи му на твојот учител дека во моментов не можам да му дадам повеќе од 58 златници за овој прстен. Но ако ми даде малку време, ќе го купам овој прстен за 70”.

“70  златници?! викнал младиот човек. Се насмевнал, му се заблагодарил на златарот и побрзал да се врати кај мудрецот. Кога ја слушнал приказната од возбудениот млад човек му рекол “ Запамти момче дека и ти си како овој прстен. ДРАГОЦЕН И ЕДИНСТВЕН! И САМО СТРУЧЊАК МОЖЕ ДА ЈА ЦЕНИ ТВОЈАТА ВРЕДНОСТ: Зошто тогаш губиш време лутајќи низ пазарот и го слушаш мислењето на секоја будала?

error: Content is protected !!