Oxford и Yale: Вештачката интелигенција во сите работи ќе биде подобра од човекот
Британскиот универзитет Oxford и американскиот универзитет Yale направија истражување за тоа како ќе изгледа светот за 45 години, кога вештачката интелигенција (AI) би требало да биде на ниво за кое во моментов само се фантазира или се гледа во научно фанстастичните филмови.
За 45 години вештачката интелигенција ќе ги извршува сите задачи подобро од човекот. Без разлика за што и да станува збор, човекот ќе биде инфериорен. Од една страна сето ова звучи малку застрашувачки а и многу интересно од друга страна, бидејќи ако AI заживее на тој начин, ќе може да пронаоѓа лекови за болести или да ги решава апсолутно сите проблеми со кои луѓето се мачат денес.
Начинот на кој е спроведно истражувањето е базирано на анкетни прашања, но одговорите се бараа исклучиво од најголемите експерти за AI. Освен тоа анализиран е и досегашниот напредок по прашањето на технологијата и потоа се донесени заклучоците. Освен што за 45 години луѓето ќе бидат инфериорни во секоја работа што треба мислење, тука не завршува сето ова.
Луѓето ќе бидат надминати од AI веќе во 2024 година по прашањето за преведување јазици, во пишувањето есеи за средно школо AI ќе ги надмине луѓето веќе во 2027 година, возењето камион исто така во 2027 година, а во 2031 година AI ќе ја преземе и продажбата. AI ќе биде способна да пишува белетристика во 2049 година а во 2053 година ќе ги надмине и хирурзите.
Затоа треба многу добро да ги поставиме работите и да направиме темели за да AI не би направила штета туку да ни донесе апсолутен напредок и да ни донесе на некој начин револуција на човекот на глобално ниво. Моќните луѓе како Bill Gates и Elon Musk повикуваат на внимание и предупредуваат дека спрема AI луѓето мораат да имаат правилен пристап или би можеле да се најдеме во многу незгодна ситуација. Со други зборови може да ни се случи филмот Терминатор во реалност.