Започна со работа Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб

Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб е експериментален простор и место за соработка. Во Центарот граѓаните, бизнис заедницата, граѓанските, јавните и образовните организации и институции заедно со администрацијата на Град Скопје ќе ги здружат силите да дизајнираат и да развиваат иновативни решенија за да му помогнат на Скопје да ја подобри својата одржливост и урбана отпорност.

1966__14

Модел на работа

Експериментирање со иновативни идеи

Со цел генерирање на иновативни идеи Скопје Лаб:

-користи интерактивни методи на комуникација

-спроведува истражувачки активности за идентификување проблеми и потреби

-организира работилници за генерирање идеи, развој и нивно тестирање со сите засегнати страни-организира настани (хакатони, гејминг сесии, предизвици, crowdsourcing, crowdfunding, итн.)

Градење на капацитети за иновации

За да ги изгради и зајакне капацитетите за иновации на администрацијата на Град Скопје, а и на граѓаните, Скопје Лаб:

-реализира тренинзи и работилници

-дизајнира процеси и модели за развој на иновации

-организира едукативни настани

-обезбедува база на публикации, студии на случај и материјали поврзани со иновации во јавен сектор

Зајакнување на иновациска култура

За да ја зајакне иновациската култура во Град Скопје, Скопје Лаб:

-развива наградни шеми за иноватори

-дава поддршка во воспоставување на партнерства со различни национални и интернационални организации

-промовира успешни идеи и приказни за иновации од Град Скопје низ земјата и надвор

Скопје Лаб инаку е пилот проект на УНДП и Град Скопје. Финансиски е поддржан од УНДП, Република Турција и Министерство за финансии на Република Словачка.

Можете да пријавите идеја како Град Скопје може да ги подобри своите услуги и да го направиме Скопје подобро место за живеење.

Моментално се отворени и неколку предизвици а еден од поинтересните е предизвикот како да се променат навиките за греење на семејствата со мали примања, со цел да се намали загадувањето во Скопје, каде може да споделите идеја.

Веб страната на Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб е http://skopjelab.mk/

Macedonian Business Hub им посакува многу успех кој ќе резултира со квалитетно завршени проекти и работи.

error: Content is protected !!