Audi ги намалува трошоците за 10 милијарди евра за премин кон производство на електрични автомобили
Audi настојува да ги намали трошоците од 20 милијарди евра на 10 милијарди евра како би обезбедил пари за премин кон производство на електрични автомобили, изјавија блиски извори на произведувачот за Reuters.
И покрај растечките трошоци на програмата за електрични автомобили, луксузниот произведувач посакува да ја задржи својата оперативна маржа на најмалку 8% годишно, рекоа два извори запознати со политиката на управата. Нивната добитна маржа во првата половина од оваа година изнесувала 8,9%.
Поголемиот дел од 10 милијарди евра заштеди би се добиле од намалување на трошоците за истражување и развој, рекоа изворите.
Портпаролот на Audi чие седиште се наоѓа во Ingolstadt одби да ги коментира овие наводи. Германскиот бизнис дневен весник Handelsblatt извести за планот за намалување на трошоците и плановите за профитабилност.
Audi исто така има цел да ослободи средства кои ќе бидат наменети за вложување во технологии со нула емисии развивајќи нова производна платформа со Porsche, овозможувајќи двете автомбилски марки да заштедат пари со споделување на компонентите и модулот.
Audi во моментов се бори со повлекување на автомобили, истрагa поради наводно картелско здружување и жестоки критики на синдикатот и менаџерите околу скандалот но и со post dieselgate стратегијата.
Извори за Reuters додадоа во петокот дека четири од седум директори од топ менаџментот се блиску до отказ во блиска иднина. Во неделата се дозна дека околу разрешувањето на членови на надзорниот одбор се расправало минатиот четврток, но формалната одлука допрва доаѓа.
Audi планира да произведе и пет нови електрични модели во наредните години, почнувајќи со новиот e-tron спортски модел кој ќе биде пуштен во производство од 2018 година во Брисел.
Audi се соочува со турбулентни времиња, останува да видиме како на крај ќе заврши целата оваа приказна.