Министерството за финансии има комуникација со PayPal
“На барање на повеќе заинтересирани граѓани и фирми, Логин Системи ја информира јавноста дека Министерството за финансии започнало комуникација со #PayPal за воведување на PayPal за продажни места и прием на уплати во Македонија. Ова се неофицијални информации и според наша слободна проценка, воведувањето на PayPal не може да се случи пред октомври оваа година. Логин Системи ја организираше иницијативата за воведување на PayPal и од 13 јули оваа година, Министерството за финансии ја презема реализацијата на иницијативата.”
Напиша на веб страната Венко Глигоров основач и директор на Логин Системи. Оваа иницијатива е од големо значење на IT компаниите, како и останатите компании кои сакаат преку PayPal да ги продаваат своите производи и услуги. Македонија е една од ретките држави во Европа каде компаниите не можат да продаваат преку PayPal.