Важноста на ХЕЦ Чебрен и Галиште и хидроенергијата во Македонија

Ќе започнам малку заобиколувајќи за да дадам едно пошироко објаснување за Хидроцентралите кои денес се нејевтиниот начин на производство на електрична енергија. Истата има можност за искористување на потенцијалот до 90% за разлика од сите парни машини кои не преминуваат 60%. Нашиот РЕК Битола не постигнува повеќе од 40%. Првата Хец е изградена далечната 1882 во сојузната држава Винсконсин во САД. Хец овозможува производство на домашна електрична енергија со што се избегнува зависноста од потреба за увоз од меѓународниот пазар. Не треба посебно да нагласувам дека енергијата добиена од Хец е обновлива, бесплатна и зелена. Со изградба на Хец се прави брана и акумулација која влијае на намалување на екстремите на климата и помага за обновување на вегетацијата.

Хец се најдобрите енергетски извори за вклучување и исклучување во систем честопати со можност за синхронизација во системот која се мери во минути.
Секогаш кога некоја земја имала интензивен развој имало изградба на големи Хец системи кои покрај финалниот производ имаат голем импакт врз локалната економија за време на самата нивна изградба. Имено за време на динамичниот развоја на поранешната Југа кога во една година сме имале ист степен на развој како Јапонија била реализирана Хец Ѓердап. Нема да нагласувам дека за време на големата депресија во САД за рестартирање на економијата била започната изградбата на Хјувер браната која и денес генерира профит. Замавот кој го зеде Кина и овозможи да ја скроти моќната ЈангЦе со Трите Прекрасни брани со моќност од 22,500MW и можност да снабдуваат со енергија 60 милиони жители на Кина. Инаку овој проект го зеде приматот од браната помеѓу Парагвај и Бразил за најголема Хец на светот.
Азија е континентот каде има најголем инсталиран капацитет од Хец па следи Европа и Северна Америка. Додека од земји поединечно најголем број на инсталации има Кина, Бразил, Канада, САД…

1. China: 856.350 billion kilowatt hours a year.
2. Brazil: 411.189 billion kilowatt hours a year.
3. Canada: 376.706 billion kilowatt hours a year.
4. United States: 276.240 billion kilowatt hours a year.
5. Russia: 164.423 billion kilowatt hours a year.
6. Norway: 140.473 billion kilowatt hours a year.
7. India: 124.569 billion kilowatt hours a year.

Неколку информации за можностите за изведување на Хец Чебрен и Галиште и со тоа да ве насочам да ги поделите коментарите за и околу потребата за инвестиција но и за стручни лица, за специфичен дел од изведбата на хидроцентралите кои можете слободно да ми ги напишете и во приватна порака секако доколку имате некои познавања на проблематиката.

Мислам добив прашање зошто се појавиле поплави во Денвер, а јас тврдам дека браната Хјувер ги решила проблемите со поплави. За екстра информација Денвер се наоѓа на неколку илјади километри по горното течение на реката Колорадо.

За изведба на Хец Чебрен и Галиште има 8 варијанти кои се разликуваат и по висина на браните но и по инсталирана моќност заедно со протокот. Нема во овој текст да форсирам ниедна варијанта затоа што крајниот избор сепак треба да се донесе според дотокот на вода од Црна река но и од планот колку вода ќе може или ќе треба да се користи во Пелагонија за некој одржлив развој. Сите варијанти ги имам во детална форма и како реков би дискутирал со секој кој има некое познавање.

Одиме понатаму. За било која од 8 те варијанти ќе треба огромна количина на Цемент. Значи заедно со заокружувањето на финансиската конструкција, државата треба да отпочне со изградба на Цеметарница на пределот помеѓу Битола и Прилеп. Истата треба да функционира под државна капа се додека не се заврши целиот проект и не се обезбедат сите пристапни патишта за и околу браната, поврзување на Мариово со Битола и мал пат до Гевгелија.
Штом се заврши со проектот фабриката да се отуѓи, да се покријат преостанатите кредитни линии подигнати за нејзина изградба доколку има, останатите средства да бидат употребени во изградба на станбен простор за социјални случаи за да не се дисбалансира пазарот кој УСЈЕ Цементарница го имал претходно.

Оваа фабрика би требало да има директно околу 500 вработени додека индиректно уште дополнително 500 кои би земале плата околу 60 000 денари. Оваа фабрика може да влезе уште првата година во топ 20 компании во Македонија како што е УСЈЕ Цементарница Скопје. За информација огромен дел од материјалот кој е потребен за производство на цемент доаѓа од РЕК Битола што значи можеме уште повеќе да ја намалиме цената на целокупната инвестиција.

Во горниот дел од текстот објаснив некои основи за Хец. Денес ќе се обидам да го проширам истото и да споредам со другите алтернативни зелени извори на енергија.

Хец генерално има неколку изведби и тоа проточни и акумулации со висок пад кои можат да бидат класични или реверзибилни. За ревирзибилна брана потребни се две брани. Првата Хец има можност да работи во генераторски мод кога е потребна електрична енергија или како пумпа кога има вишок на енергија во системот. Имено во вториот мод водата поминала низ турбината и се наоѓа во долната акумулација и истата има можност да се движи обратно при што троши енергија и ја качува водата од долната акумулација во горната.

Цената на Хец ја зголемуваат пропратните елементи кои треба да се изведат. На пример на Трите Прекрасни брани во Кина има 9 рампи со кои се подигаат бродовите кои пловат по самата река, но тоа не е се имено за подигање на брод од долната до горната брана потребни се 4 часа што е премногу долго за патничките бродови па за нив има екстра рампа единствена на светот која може да подигне брод за половина час. Низ реката има движење на биолошки материјал кој доколку нема систем на испуштање би ја блокирал браната па истата има систем на хидраулични вентили. Поради порозното земјиште на основата и опасност да попушти пред изградбата беше вбризгувана специјална смеса.
За разлика од сето погоре споменато при изградбата на нашите Хец нема потреба од никаков екстра трошок и Галиште има можност од инсталирани 180 MW наместо само да служи како акомулација за Чебрен да биде реверзибилна.

Како многу пати до сега ќе нафрлам дека Хец браните имаат животен век од 150 или 200 години за разлика од фотоволтаиците кои немаат подолг век од 20 години или ветерниците со сличен животен век.

Сега да пробам да објаснам зошто прво треба да се погрижиме за зрелото овошје наместо да размислуваме за зеленото. Ветерна фарма од 600 MW која има 5 пати покус животен век со скоро три пати помало производство на енергија без можност за реверзибилност ја чинеше државата Колорадо $1.2 милијарди. За систем од 60 MW фотоволтаичен парк во Олмедила Шпанија се потрошени 530 милиони евра, да не пресметувам 10 пати повеќе колку што е блок Хец Чебрен и Галиште.

M-р Зоран Ивановски

error: Content is protected !!