15 луѓе заработиле по над 1 000 000 евра во Македонија

Според податоците од УЈП што ги објави Министерството за финансии покажуваат дека највисокиот доход што бил остварен во 2016 година изнесувал 2,6 милиони евра, доход над 500 000 евра во 2016 година имале 66 лица , а над 200 000 евра заработиле 283 лица, а 775 лица имале доход од над 100 000 евра.

“50% од луѓето во Македонија што остваруваат доход имаат доход што е под 212 евра месечно, 70% од луѓето имаат доход што е под 297 евра месечно, 90% од луѓето имаат доход што е под 495 евра, а од друга страна 2% од луѓето имаат доход што е над 1044 евра, а 1% од луѓето имаат доход што е над 1523 евра”, истакна Бранимир Јовановиќ, советник во кабинетот на министерот за финансии.

“Даночниот товар треба да падне на страната на богатите, како што е во сите развиени земји” истакна Јовановиќ, но развиените земји имаат над 40 000 долари БДП по глава на жител, a во Македонија БДП по глава на жител изнесува само 4400 евра, така да добар дел од тие еден процент во Македонија што земаат над 1523 евра месечно во развиените држави се само средна класа. 

“Подготвуваме даночна реформа, а за нејзиниот успех е важно да бидат согледани сите важни прашања, и да биде опфатен и институционалниот капацитет бидејќи тоа е сериозно прашање. До крајот на годината ќе излеземe со нашите предлози за даночна реформа”, истакна министерот Тевдовски

Со анализата се опфатени околу 90% од граѓаните кои оствaруваат доход или 940 000 лица.

Скоро сите бизнисмени и претприемачи не се согласуваат со најавеното зголемување на даноци и истакнуваат дека Македонија е опкружена со земји кои имаат ниски даноци, и дека низок и рамен данок на добивка и персоналец од 10% имаат и Албанија, Косово и Бугарија, и дека ако има покачување еден дел од бизнисите ќе се преселат во овие држави како Косово што е половина час од Скопје, или Врање не повеќе од 1,5 час, а и Бугарија е многу атрактивна не само што е на 2 часа од Македонија туку што е и членка на ЕУ, па производите од таму може да се извезуваат како Made in EU.

Во Франција пред неколку години францускиот претседател Франсоа Оланд воведе данок од 75% за приходи од над 1 000 000 евра, многу познати актери и бизнисмени ја напуштија Франција после воведувањето на 75% данок. Познатата француската филмска ѕвезда Жерар Депардје замина во Белгија тогаш. Не многу долго по воведувањето на 75% данок уставниот суд на Франција го отфрли воведувањето данок од 75 % за богатите.

Уставниот суд на Франција тогаш соопшти дека новиот данок “не признава еднаквост пред јавниот товар”, бидејќи, за разлика од другите форми на данок на доход, се однесува на поединци, а не на домаќинствата. Судот исто така ги отфрли и новите методи за пресметка на данокот. Но штетата веќе беше направена. Или како што кажува еден познат македонски претприемач, патот до пеколот е поплочен со добри намери.

error: Content is protected !!