Путин: Русија ги обезбеди парите за нуклеарни реактори во Унгарија
Рускиот претседател Владимир Путин изјави во понеделникот во Будимпешта, за време на втората посета оваа година, дека Русија ги обезбедила парите за изградба на нуклеарни реактори за електричната централа во Унгарија, и дека изградбата може да започне во 2018 година.
Проектот за нуклеарна централа Paks за производство на електрична енергија, доби 12 милијарди американски долари, изјави Путин а пренесува руската државна агенција TASS.
“Работите на локацијата каде што се наоѓа централата може да почне на почетокот на следната година”, му кажа Путин на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Русија уште во 2014 година најави издвојување на повеќе милијарди долари за финансирање на државната компанија Rosatom како би изградиле реактори за унгарската нуклеарка.
Путин и Орбан одржуваат блиски односи, што е редок исклучок за Путин во Европската Унија, која на Русија и наметна санкции поради улогата во украинската криза.
Рускиот претседател, љубител на боречките вештини и носител на црн појас осми дан, во Будимпешта стигна за да присуствува на светското првенство во џудо, а поканата за овој настан Орбан му ја даде во текот на првата овогодишна посета на Путин во февруари на Унгарија.
Во Рамки на посетата,на рускиот претседател на универзитет во Дебрецин ќе се додели почесен докторат во знак на благодарност за улогата која руската компанија Rosatom ја наменила за оваа установа за проектот изградба на две нови нуклеарни реактори во Paks, што се наоѓа близу до Будимпешта.
Унгарија се потпира на увозот на нафта и природен гас од Русија, но критичарите тврдат дека проектот за изградба на реакторот изобилува со ризици од корупција и ја прави Унгарија, уште повеќе зависна од руските енергенти.
Европската комисија во март одобри финансиска помош за тој проект од кои 80%, односно 10 милијарди евра, ги финансира Русија, по пат на заем одобрен за Унгарија.
Комисијата долго го разгледуваше тој проект како би ја проверила економска одржливост дали е во согласност со европските пропис , бидејќи работата е доделена без јавен тендер, а го оспорува и унгарската опозиција.