Game of Thrones направи туристички бум во Дубровник

Game of Thrones по многу параметри е една од најгледаните и најуспешни серии, се започна пред шест години, а со тоа и дополнително се популаризираше Дубровник, каде покрај неговите ѕидини се снимаа многу сцени. И со самото тоа се постави прашањето колку серијата му помогна на Дубровник да го посетат уште повеќе туристи.

Сосема е јасно дека и без серијата туристи не би недостасувале. Но не смее да се занемари влијанието на самата серија. А тоа најдобро го покажуваат податоците од Министерството за туризам на Република Хрватска, а повикувајќи се на нив дури и светски познатиот Forbes, тврди дека Хрватска благодарение на серијата станала “туристичко кралство”.

Пред шест години односно во 2011 година, Дубровник го посетија 1,1 милион туристи, а минатата година 1,6 милиони. Јасно е дека постои растечка патека која не може да се занемари. Посебно затоа што Дубровник за потребата на серијата почна да се користи дури во втората сезона на Game of Thrones, која е емитувана во 2012 година, па затоа нема раст помеѓу 2011 и 2012 година, но затоа од 2012 до 2016 година има раст од пола милион туристи.

dubrobro

Овие бројки сe повеќе од добар резулат за Дубровник, ако се земе предвид дека Хрватска во 2012 година имала вкупно 11.8 милиони туристи, а во 2012 година нешто над 12 милиони туристи.

error: Content is protected !!