Србија ќе основа државна градежна компанија
Потпретседателот на владата на Србија и министер за градежништво, инфраструктура и сообраќај Зорана Михајловиќ, изјави денес дека со претседателот на Србија, Александар Вучич, разговарала за формирање национална градежна компанија, и дека се бира модел но дека “таа компанија сигурно ќе биде основана како најуспешните компании на запад”.
“Имаме проблем да пронајдеме наша компанија која целата работа во инфраструктурата ќе може да ја направи квалитетно и на време. Да не правам муабет за повиците од земјите од Африка нашите градежници да работат кај нив” изјаци Михајлович за српски Blic.
Таа објасни дека поголемиот дел од нивните компании истовремено работат на неколку проекти, а реално немаат доволно ниту механизација ниту луѓе за да квалитетно ги завршат и затоа ги префрлуваат ресурсите од едно на друго градилиште и некои проекти секогаш каснат.
“Затоа јас и претседателот Вучич дојдовме до тоа дека на Србија и треба една голема градежна компанија која ќе може стручно и логистички да одговори прво на сите проекти во Србија, а после и на работите надвор од Србија. Ние тоа го имавме некогаш, но сето тоа е уништено во текот на приватизацијата. Уште бираме модел, но сигурно таа компанија ќе биде основана како најуспешните компании на запад. Разговараме и другите домашни компании да се уклучат во овој проект”, истакна Михајлович за Танјуг.
Ќе биде интересно да се види како приватните српски градежни компании ќе реагираат, ако се земе предвид дека даноците и давачките што ги плаќаат идат во државата а државата со тие пари ќе направи државна компанија која ќе им конкурира на нив и најверојатно ќе им земе дел од пазарот.