Турската елита бега од Ердоган и купува станови во Грција

Грција бележи рекорден број на посети од туристи, за кој властите и угостителите се надеваат дека до крајот на годинава ќе достигнат 30 милиони луѓе.

Но некои што доаѓаат од соседна Турција не доаѓаат само заради уживање, туку некој за пократко а некој и засекогаш да побегнат од стегите кој им ги наметнува власта на Реџеп Таип Ердоган.

Во последните две години, до неочекувани размери порасна интересот за купување куќи или станови во Грција пред се во Атина и Солун. А во тоа највеќе се истакнуваат државјаните од Турција.

Службени податоци нема, но сопствениците на грчките агенции за недвижности зборуваат за огромниот прилив на клиенти од традиционалните проевропски слоеви на турските граѓани.

error: Content is protected !!