Арапи купуваат недвижности, но зголемена е и бројката на нивни туристи во Сарајево
Кога летните горештини во Арапскиот залив ќе станат неподносливи се повеќе Арапи идат на одмор во Европа.
Нивната главна дестинација е Сарајево, се наведува во најавата на репортажата од Босна и Херцеговина, објавена на германската телевизија ZDF. Авторот на почетокот од прилогот објаснува дека земјите како БиX, за муслиманите од арапските земји поради шумите, благите летни ноќи и големиот број на џамии е рај на земјата.
Сараевските паркови, за Арапите полни со животни и сенките од дрвата како и шопинг центрите со ниските цени, ги воудушевуваат арапските туристи. Вистинска освежувачка промена во однос на скапиот живот во пустина. Балканот исто така ги привлекува и инвеститорите. За некои Босанци изненадувачкото доаѓање на строгата исламска култура на сараевските улици е толку чудна што дури некој зборат за инвазија.
Во телевизиската репортажа која изобилува со арапски туристи на сараевските улици, и жени во бурки, понатаму се говори “за вилите кои се градат во идиличните планински пејсажи, кој го опкружуваат главниот град на БиХ, Сарајево”.
Станува збор за населбата Poljine Hills, што кога ќе се изгради до крај ќе има преку 200 вили и апартмани во која првите туристи би требало да се вселат оваа година. Позади овој голем проект, како што наведува ZDF стои Al Shiddi, саудиската инвестициска група, која освен што финансира висококатници и луксузни хотели ја финансирал и изградбата на најголемиот трговски центар во градот.
“Најголем дел од становите веќе се продадени на заинтересирани лице од Заливските држави, од кои само минатата година БиХ ја посетија 60 000 луѓе. Претерано е да се збори за инвазија. Но факт е дека ги има се повеќе” кажува политичката аналитичарка Ивана Мариќ.
“За економски слабо развиената БиХ богатите туристи како и богатите бизнисмени се и повеќе од добредојдени. Како што е на пример шеикот Mohammed al Qasimi кој изгради забавен парк на планината од која во 90-тите години за време на граѓанската војна србите пукаа по жителите на Сарајево. Надминувањето на културните бариери за некои од нивните сонародници тешко им иде.
Далеку повеке од бурките и марамите кои се повеќе присутни во градот, им сметаат проекти како што се Poljine Hills.
Постои бојазност дека арапските гости може да се повлечат во таканаречените Gated Communities, во кој би владееле нивни закони и со остатокот на светот би можеле да бидат оградени со ѕидови и сигурносни служби. Без контрола од страна на властите не би можело да се осигура почитувањето на законите кој важат во Босна.
Иако се уште не може да се зборува за инвазија, постои загриженост дека босанските обичаи и традиција можат да бидат жртва на парите од инвеститорите и туристите. Освен зелените шуми и прекрасните животинки во зима со снег прекриени пејсажи можат да бидат уште една причина гостите од Заливските држави во Сарајево да не доаѓаат само во лето” пренесува меѓу останатото ZDF.