Најголемиот фонд на светот припрема удар на пазарот на обврзници!

Најголемиот инвестициски фонд на светот, а тоа е кој друг ако не норвешкиот Нафтен фонд, планира да се ослободи од обврзниците на 23 држави во светот, меѓу кои се Јапонија, Швајцарија и Канада, што би можело да предизвика голем удар на глобалниот пазар на долг. Спрема наводите во писмото на Norges Bank во чија надлежност е управувањето со фондот, а писмото е објавено пред неколку денови, се предлага фондот во иднина да вложува само во државни и корпоративни обврзници деноминирани во евра, американски долари и британска фунта. Нафтениот фонд во моментов управува со 987 милијарди долари имот, од кој третина е вложена во обврзници, односно долг.

Предлогот мора да го одобри владата. А ако го одобри предлогот, тоа не значи дека фондот веднаш ќе тргне во распродажба на обврзници. Меѓутоа аналитичарите сметаат дека останатите инвеститори, би можеле да го следат Нафтениот фонд со оглед на неговата големина, што би можело да предизвика негативни последици за долгот на Јапонија односно развиените држави, пишува CNBC. Аналитичарите од јапонската банка Nomura сметаат дека овој потег на Нафтениот фонд може да предизвика распродажба на јени во вредност од 19 милијарди долари.

Во поширокиот регион овој фонд поседува словенечки обврзници во вредност од 568,8 милиони долари и унгарски обврзници од 206,7 милиони долари.

error: Content is protected !!