Туристичкиот водич Rough Guides објави листа на 20 најубави држави

Читателите на влијателниот туристички водич Rough Guides, учествуваа во изборот на 20 најубави држави во светот. Листата е разнолика, има држави со тропска клима како Индонезија и Виетнам, планински држави како Словенија но и држави со дива и густа шума како Канада. За наша жал Македонија ја нема на листата, но затоа има две балкански држави.

На изненадување на многумина на првото место се најде Шкотска, веднаш после неа е Канада и Нов Зеланд, додека на четврто место е Италија.

Еве ја листата на 20 најубави држави во светот:

1.Шкотска

2.Канада

3.Нов Зеланд

4. Италија

5. Јужноафричка Република

6. Индонезија

7. Англија

8. Исланд

9. САД

10. Велс

11. Словенија

12. Мексико

13. Индија

14. Финска

15. Швајцарија

16. Перу

17. Норвешка

18. Ирска

19. Хрватска

20. Виетнам

Сепак имајте во предвид дека оваа листа е од субјективна природа зошто тешко е за верување дека читателите што учествувале во изборот ги имаат посетено сите 200 држави во светот.

error: Content is protected !!