Што Elon Musk направил кога неговата извршна асистентка побарала покачување

Ashlee Vance во неговата книга “Elon Musk: Tesla, SpaceX, and the Quest for a Fantastic Future” ја споделува приказната како Musk ја прекинал соработката со долгогодишната извршна асистентка во почетокот на 2014 година.

Според Vance асистентката Mary Beth Brown побарала од Musk значајно покачување на платата, откако работела 12 години за него. Во одговорот Musk и кажал на Brown да земе две недели одмор, при што тој ќе ги превземе нејзините обврски и да види дали таа била критичен фактор за неговиот успех.

Кога Brown се вратила Musk и рекол дека повеќе не му е потребна.

Musk исто така му кажал на Vance дека тој и понудил на Brown, друга позиција во компанијата, но дека после тоа таа никогаш не се вратила назад кај него.

Musk преку твит кажа дека анегдотата е тотална бесмислица.

Musk ќе изјави дека ” Mary Beth беше неверојатна асистентка повеќе од 10 години, но со сложеноста како компанијата растеше таа функција бараше неколку луѓе специјалисти наспроти еден генералист”

“Mary Beth Brown доби плата од 52 недели и акции како благодарност за нејзиниот голем придонес и замина да се приклучи во една помала компанија уште еднаш како генералист” изјави Musk.

Идејата за докажување на вашата вредност на компанијата преку ваков тест е многу екстремно, но од друга страна е добра лекција да знаете колку вие и вредите на вашата компанија.

error: Content is protected !!