Што е негативна селекција?

Негативна селекција е кога намерно на чело се избира послабиот, за да не оди напред подобриот, затоа што тогаш сите ќе мора да одат напред.

За да не мора да се оди напред. За да не мора да се работи.Тоа е цената на мрзеливоста, комоцијата и диктатурата на просекот.

Тоа е кога народот сака да го убие најдобриот, затоа што најдобриот го засрамува просекот. Тоа е моја дефиниција, по искуствата со персонализмот и колективитетите.

Oбичните, не го сакаaт најдобриот, затоа што најдобриот им покажува колку се ретардирани, недугави, неработливи. Во оваа држава постојат луѓе што откако ќе го испијат утринското кафе,прават планови како сопствениот бофал ќе го продадат како А-класа.

И прават планови (цели стратегии нацртани на хамер) како ќе им постават бариери на способните, од Бога бакнатите, на надарените.

Значи, целта е да се постави барикада. Тоа се случува секаде – на факултетите, во политиката, кај чиновниците, во МАНУ.

Секаде.

И затоа – не се откажувај!

Ова е држава во која (ако замислиме дека секоја професија е бокс-меч) мораш да победиш со нокаут, оти ако одиш на победа со поени, судиите ќе го наместат мечот, и иако си супериорен, ќе загубиш со 3:2!

Тоа бара енергија. Тоа цица енергија. Ама тоа е тоа.

Македонија. Вечна.

Толку вечна што не подлежи на развој.

Венко Андоновски

*Кој сака нека го сподели ова, на социјалните мрежи.

error: Content is protected !!