Македонија според продуктивност е последна во Европa
Според секоја економска и пазарна логика, платите се поврзани со продуктивноста. Сите сме согласни дека македонските плати се ниски во споредба со Западна Европа и САД. Но ретко кој го поставува прашањето колку сме продуктивни. А според продуктивност сме како африканска држава. Со тоа што и таму има држави што се повеќе продуктвни од нас, но да се задржиме на тлото на Европа.
Според официјалните податоци на Евростат еден работник за еден час во земјава создава само 42.9% додадена вредност од просекот што се прави на ниво на Европската Унија.
Бугарија која е членка на ЕУ и Нато има скоро иста продуктивност 43% како Македонија. Романија има 56.3%, Хрватска 73.1%, Словенија 79.8%, Грција 87.1%, од просекот на ниво на Европската Унија. Најпродуктивни се работниците во Луксембург со 163.2% од просекот, па Норвешка 152.5% и Швајцарија со 122.5%. Во податоци ги нема Србија, Босна, Албанија и Косово.