Русија планира со транссибирска железница да ги поврзе Токио и Лондон

Патниците би можеле наскоро да патуваат од Лондон до Токио преку транссибирската железница со должина од 13 518 километри, а станува збор за амбициозен предлог на руската влада.

Проектот вклучува и изградба на мост долг 45 километри кои ќе овозможи преминување на воз преку Источното море. Со почетна точка во Лондон, патниците ќе поминат преку срцето на Русија пред да стигнат до крајната дестинација Ваканаи во Јапонија

Овој предлог е опишан како “историско мост” поради пропустите на Москва и Токио да постигнат договор и службено да му стават крај на антагонизмот кој настапи после Втората светска војна, кога Сталин ги зема Курилските острови во 1945 година, кој од тогаш се предмет на територијален спор.

Возот ќе проаѓа преку Германија и Полска пред да стигне во Источна Европа.

Путин наводно сака да ги поттикне инвестициите во источните делови на Русија и е во сериозни разговори со јапонските официјални претставници да започнат да се реазлизираат плановите.

Неговиот помошник Сергеј Иванов, изјави дека врската помеѓу Јапонија и Сакхалин, најголемиот руски остров кој делумно бил под контрола на Токио пред Втората светска војна, е долгоочекуван сон.

“Нудиме на јапонските партнери да ја разгледаат изградбата на пат и железнички премин од Хоккаидо до јужните делови на Сакхалин” изјави Иванов.

Плановите се представени на Источниот економски форум во Владивосток.

Моментално, патниците можат да идат со транссибирска железница од Пекинг преку Монголија, до крајната дестинација- Москва, во која пристигнуваат за нешто помалку од 15 дена, а оваа рута е најпопуларна помеѓу студентите и оние кои сакаат авантура.

error: Content is protected !!