Покажувањето на децата дека со напорна работа се успева ги охрабрува напорно да работат на себе
Децата на возраст од околу 15 месеци можат да бидат истрајни во остварувањето на целите, ако ги гледаат возрасните како напорно се борат со задачите пред да постигнат успех, покажа новата студија.
Резултатите сугерираат дека родителите може да имаат голема корист ако ги пуштат децата да гледаат како се “потат” за да ја постигнат целта.
Покажувањето на децата дека преку тешка работа се успева, може да ги охрабри исто така напорно да работат”, заклучиле истражувачите во извештајот објавен во магазинот Science.
Бебињата кои учествуваа во испитувањето не го имитираа тоа што возрасните го правеле. Тие биле соочени со други предизвици и покажале дека ја прифатиле главната лекција за значајноста на истрајноства во исполнувањето на задачите и целите.
Истражувачите од институтот за технологија од Масачусетс направија три експерименти во кои беа вклучени 262 деца на возраст од 13 до 18 месеци, а нивнот просек бил 15 месеци.
Резултатите покажаа дека децата “можат да ја научат вредноста од напорот од само неколку примери” изјави авторката на студијара Laura Schulz од институтот за технологија од Масачусетс.
Студијата не можела да утврди колку долго трајат ефектите, а не можело да се утврди дали родителите би можеле да ги постигнат истите резултати со своите деца кои они ги имале, но како што наведува ко-авторката Julia Leonard од MIT, нема да биде болно ако оваа пракса се примени на вашите деца.