Како да проверите дали ви е пуштена евтината тарифа од 14 до 16 часот
Започна прилагодувањето на броилата за новата тарифа и тоа започна од четвртата отчитувачка група која се реализира во период од 25 до 29 септември.
Од почетокот на следниот месец т.е од 2 до 6 октомври ќе се прилагодат броилата на првата група, од 6 до 15 на втората и последните ќе бидат прилагодени од 17 до 24 октомври.
На дисплејот на броилото на кое е прилагодена евтината дневна тарифа, во период од 14 до 16 часот од понеделник до сабота ќе биде активен индикаторот за тарифа Т2 што ќе значи дека во тој период има евтина тарифа.