Adidas фатен како дава мито на млади кошаркари
Се сомничи шефот на маркетинг одговoрен за кошаркарски асортиман дека учествувал во корупциски скандал што го потресе германскиот произведувач на спортска опрема Adidas.
Според Business Insider, FBI и министерството за правосудство го истражуваат Jim Gatto и неговите исплати на кошаркари кои дoбиле спортска стипендија за студирање на американските колеџи.
Истражителите сметаат дека Gatto ги користел парите на компанијата како би ги осигурал дека играчите ќе потпишат договор за користење на опрема од Adidas, ако отидат во некој од професионалните клубови од NBA лигата.
Adidas изјави дека спроведува внатрешна истрага и дека не може да го коментира скандалот додека правосудството не подигне обвинение против Gatto.