3 потценети вештини кои ќе ви помогнат да напредувате на работа

Кога ги негувате вистинските вештини во вашата кариера, тоа може да направи голема разлика во вашето напредување на работа. Прашањето кое се поставува е кои се вистинските вештини?

Како што пишува веб сајтот  The Muse, без разлика дали работите подолго време , или само што сте започнале, постојат три многу важни вештини, кои можат да ви помогнат во вашата кариера:

1.Фокус

Во последно време се појавуваат се повеќе книги кои за теми ги имаат фокусирањето, концентрацијата, насочувањето на вниманието кон важни работи. Во нашиот свет во кои сме бомбардирани со информации, постојано ѕвонење на телефонот или известување дека ни стигнал mail или нотификација, вниманието стана вистинска драгоценост.

Да бидеш фокусиран е вештина, и како и секоја друга – мора да се вежба. Работење или учење од неколку саати во кои ниту еднаш не сте провериле mail или телефон нека биде ваша цел. Но полека. Почнете од мали временски периоди, до се подолги. Оддалечете ги уредите кои го попречуваат вашето внимание и исклучете се од надворешниот свет.

2. Бидете отворени за критики и сугестии

Ако не слушате критика (или било каква повратна инфромација) за вашата работа никогаш нема да напредувате. Луѓето не само што нема да сакаат да работат со вас, туку и ќе ги одбиваат советите кои ќе ги добијат од вас.

За почеток: Научете да слушате без да прекинувате. Само слушајте. После тоа, немојте да се правдате. Речете само фала. Размислете за критиката, проверете првин со себе после и со другите што мислат за тоа. После тоа, сугестиите можете да ги примените на вашата работа,

Многу е важно кој ви ги дава сугестиите и критиките. Немојте да прифатите било што од некој чие мислење не го цените.

3. Одговорност

Едно е да бидете ентузијаст, кој се би направил веднаш и сега, а друго е рационален работник кој чекор по чекор ги решава задачите. Некогаш едноставно ќе земете “преголем залак”, и тоа е во ред. Но потрудете се тоа ретко да се случува. Најважно е да преземете на себе толку колку што можете да исполните. Се преку тоа е неодговорност. Советот е да се припремите и за најлошото сценарио, кога на себе ќе преземете некој важен проект.

Тоа се трите совети  кои можат да ви помогнат во вашата кариера.

error: Content is protected !!