Најдобри одговори на прашањата за интервју за работа
Интервјуто за работа е на некој начин истражувачки разговор, а не еднострано испитување. Според Inc ова се идеалните одговори кои работодавачите би сакале да ги слушнат.
Зошто го напуштиве претходното работно место?
Кажете нешто искрено, а што има врска со иднината, на пример “Бев спремен/на за следниот чекор/прилика”. Никогаш немојте да го критикувате претходното работно место, или да оговарате некој со кого сте работеле. Работодавачот само сака да види како изгледа да работи со вас.
Што барате во следното работно место?
Работодавачот сака да види дали вие како кандидат се поклопувате со тоа што го нуди. Накратко, сака да види дали сте компактибилни. Овде е важно пред пријавувањето за работа да ја проучите компанијата и позицијата за која сте конкурирале. Бидете уверливи, и покажете дека навистина го сакате баш тоа работно место.
Кажете ни нешто за себе
Компанијата сака да ја слушне вашата работна биографија, брзо и сумирано, но и да види што е тоа што вие лично се истакнувате. На пример “Работам во маркетинг секторот 20 години и ме интересира коиј е профилот на вашиот идеален кандидат, што ќе ми овозжожи контекст за што повеќе да разговараме.” Ваков одговор може интервјуто да го претвори во конструктивен разговор.
Која е вашата наjголема слабост?
Работодавачот сака да види дали имате некоја слабост која може да наштети на работата. Бидете искрени кога зборувате за вашите мани бидејќи тоа на крај ќе се види. Немојте да зборувате фрази од типот “Јас сум перфекционист” затоа што е старомодно, а може да биде на ваша штета бидејќи перфекционистите, тешко пробуваат нови работи а со самото тоа се помалку иновативни и поспоро напредуваат.
Колкава плата очекувате?
Изберете го износот со кој ќе бидете задоволни во наредната година дена. Нека биде фер. Кандидатите кои одговараат јасно на ова прашање ќе бидат сериозно сфатени, за разлика од оние кои одбиваат да одговорат.
Каде се гледате за 5 години?
Компанијата со ова прашање сака да види дали сте играч на долги стази. Идеален одговор (ако немате план за 5 години) е да кажете: “Се гледам на позиција на која може да напредуваш заедно со компанијата” и како се надевате дека за 5 години и понатаму ќе учите и напредувате. Само немојте да кажете дека не знаете.
Зошто би требало баш Вас да ве вработиме?
Секогаш имајте спремен одговор на ова прашање. Сумирајте ги сите ваши предности како можете да ги примените, ако бидете на таа позиција. Генералната порака би требало да биде “Карактеристиките кои ги барате се мои предности, мојата биографија тоа и го докажува”. Немојте да кажете нешто претенциозно за себе особено ако тоа не ја вклучува компанијата.
Наведете пример на грешка која сте ја направиле и како ја имате исправено
Сите прават грешки, а работодавците сакаат да видат дали сте самосвесни и одговорни. Исто така сакаат да видат дека сами сте одоговорни за вашите грешки и дека не обвинувате други. Никогаш немојте да кажете дека не ги правите бидејќи тоа е претенциозно и на крајот не е ни точно. Едноставно е: Наведете ја грешката, застанете позади неа, немојте да окривувате други, објаснете како сте нашле решение. Нека биде кратко и јасно.
Бонус совет
Кога компанијата сака вас да ве вработи, можеби ќе сака да ги провери и вашите референци. Јавете се кај оние кои сте ги навеле како референци, кажете им дека компанијата можеби ќе ги побара и потсетете ги што би требало да истакнат и слично.