Goldman Sachs ги пакува куферите од Лондон и оди за Франкфурт
Франкфурт станува седиште на финансиските компании после Brexit, а тоа го потврдува и Goldman Sachs со потпишувањето на закуп на нов деловен простор во Франкфурт.
Goldman Sachs потпиша нов договор за закуп на горните катови на Marienturm во Франкфурт, нов деловен облакодер кој моментално е во изградба наведува банката.
На 10 000 квадратни метри ќе се простира американската инвестициска банка во облакодерот Marienturm во Франкфурт, тоа ќе овозможи вработување на нови 800 работници, покрај 200 што се веќе вработени во Франкфурт.
Goldman Sachs уште порано ја кажа својата намера да префрли 1000 работници во Франкфурт од Лондон, во реакција на британската одлука да ја напушти Европската Унија. Компанијата соопшти дека ќе префрли половина од своите 6500 работници од Лондон во неколку градови низ ЕУ вклучувајќи ги Даблин, Париз и Варшава.
Goldman Sachs моментално е во процес на изградба на ново европско седиште во Лондон, но ја задржа опцијата да се откаже од изнајмениот простор ако не му биде потребен.
Оваа банка неколку пати има барано од британските политичари да преговараат за повеќегодишен прелазен период за да се ублажат економските последици од британското напуштање на Европската Унија.