Стапка на невработеност во Македонија по региони во 2016 година

Најголема стапка на невработеност од 42,2% има cевероисточниот регион (Куманово, Крива Паланка, Кратово, Липково …), втор регион по стапката на невработеност е југозападниот регион (Охрид, Кичево, Струга, Дебар …) со 33% невработеност, трет според стапката на невработеност е полошкиот регион (Тетово, Гостивар…)  со 26,4% невработеност, на четврто место по невработеност е скопскиот регион (Скопје и околината) со 22,3 % стапка на невработеност.

На петто место е вардарскиот регион (Велес, Кавадарци, Неготино …) на претпоследно место по стапка на невработеност малку изненадувачки е источниот регион (Штип, Кочани, Делчево, Берово …) со стапка на невработеност од 16,4%, и најмала невработеност има југоисточниот регион (Струмица, Радовиш, Гевгелија …) со 14,1 % стапка на невработеност. Инаку стапката на невработеност во Македонија во 2016 година изнесуваше 23.7%.

Податоците се од заводот за статистика, а сликата е превземена од Finance Think .

No automatic alt text available.

error: Content is protected !!