10 компании кои најмногу заработиле од видео игри

Видео игрите се битен сегмент во забавната индустрија, а тоа го потврдува многу јасно приходот кои компаниите го оствариле во тој дел од пазарот. На листата објавена од Newzoo опфатени се десетте најдобри, но овие десет компании се повеќе од доволни да сфатите какви пари се вртат во светот на видео игрите. Да напоменеме дека бројките се само за првите шест месеци од 2017 година!

Може ќе се изненадите од фактот дека кинескиот Tencent е на прво место со приходи од 7,4 милијарди американски долари (за 6 месеци), но кога ќе дознаете дека оваа компанија под себе ги има Riot Games, која ја направи светски познатата игра League of Legends, а има и удел во Activision Blizzard, но има удели и во уште неколку компании, немојте да бидете зачудени зошто се наоѓаат на првото место.

Второпласираниот Sony заостанува скоро двојно во поглед на приходите со своите 4,3 милијарди долари од видео игрите во однос на првиот Tencent се разбира тоа се приходи за првите шест месеци од 2017 година.

Activision Blizzard (Call of Duty, World of Warcraft) е на трето место со 3,4 милијарди долари приходи за првите шест месеци, на четврто место се игрите од Microsoft со 3,2 милијарди долари приходи за првите шест месеци (колку буџетот на Република Македонија за 2017 година), на петто место се игрите од Apple кои имаат 3 милијарди долари приходи.

На шесто место место е Electronic Arts (Need for Speed, FIFA, SimCity) со 3 милијарди долари, на седмо место NetEase со 2,9 милијарди долари после него на осмо место Google со 2,1 милијарди долари, на девето место Bandai Namco со 1,1 милијарди долари и Nexon со милијарда долари приходи во првите шест мееци од 2017 година.

mostfromgamesmbh

error: Content is protected !!