После Armani и Hugo Boss и Gucci го исфрла крзното!
Организацијата The Humane Society of the United States (HSUS) и Fur Free Alliance (FFA) меѓународната коалиција на 40 организации за заштита на животни кои работат заедно да стават крај на експлоатацијата и убивањето животни заради крзно, соопштија дека.
После нивни долгогодишни напори, една од светските водечки модни куќи Gucci објавила дека повеќе нема да го користи животинското крзно почнувајќи од својата колекција пролет и лето 2018 година.
Gucci со тоа се придружи на водечките модни брендови и продавници кои не користат крзно како Armani, Hugo Boss, Net-a-Porter, Stella McCartney и уште многу други.
А истовремено се приклучи и на меѓународната програма за Трговија без крзно (Fur Free Retailer). Со овој потег дефинитивно Gucci нема да биде повеќе мета на жестоки напади од здруженијата за заштита на животни, но сигурно ќе добие и позитивен имиџ поради оваа одлука.
Во секој случај најголеми добитници од оваа одлука ќе бидат животните со што бар за малку ќе се намали нивното убивање заради нивното крзно.