САД му нареди на ММФ да ги намали високите плати и трошоци!
Американскиот министер за финансии Steven Mnuchin го повика Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ) да ги намали трошоците, намалувајќи ги платите и привилегиите на луѓето во управата но и на останатите вработени, пренeсува Bloomberg.
Како јавна институција, ММФ мора да биде пример за буџетска дисциплина и ефикасност во користење на своите ограничени средства изјави Mnuchin во Вашингтон на завршувањето на годишното собрание на ММФ и Светска банка.
За постигнување на таа цел мора да се донесат некој тешки одлуки, особено оние за платите и бенефициите во кои ужива управата и останатите вработени, истакна американскиот министер.
Платите во ММФ, чие седиште е во Вашингтон, а има претставништва низ целиот свет, се движат од 30 380 долари годишно, па дури до 138 460 долари за доктори по економија и 389 060 за директори на департмани според податоците од 2016 година.
Освен тоа, повеќето од вработение во ММФ се ослободени од данок на примања.
Според зборовите на Steven Mnuchin , време е ММФ кој во кризните држави како Грција, беше стално на удар поради барањата за строга фискална дисциплина и мерките на штедење, да ги погледне сопствените трошоци вклучувајќи ги срамотно високите плати и привилегии, пренесува Financial Times.
Mnuchin од ММФ побара да го промени начинот на кои се спроведуваат хитните пакети на помош, додека Светска банка ја повика да го преиспита давањето заеми на државите со средни приходи како на пример Кина.
Како што ММФ влегува во периодот после глобалната финансиска криза, ја повикуваме таа институција да ги структурира програмите за развој како би дала приоритет на реформите кои го придвижуваат економскиот раст предводен од приватиот сектор.
Во премногу земји, гломазниот јавен сектор го истиснува приватниот сектор, наведе американскиот министер за финансии.
Steven Mnuchin, исто така ја повика и Светска банка да ги намали трошоците, противејќи се на барањето за зголемување на капиталот на таа институција кој го побара нејзиниот претседател Jim Yong Kim.