Што стана со директорот кој на вработените им одреди минималец од 70 000 долари?
Dаn Price директорот на компанијата Gravity Payments, ја сподели на LinkedIn својата приказна за зголемувањето, односно изедначување на платата. Ќе пренесеме дел од тој текст и ќе потсетиме како се започна.
Во Април 2015 година објавив дека секој вработен во мојата компанија Gravity Payments ќе има минимална годишна плата од 70 000 долари. Оваа одлука брзо стигна до насловите на медиумите, и сите веднаш побрзаа, а повеќето од нив никогаш не ни слушнале за Gravity, да предвидат дали најновиот “минималeц” ќе донесе успех или пропаст на компанијата. Постоеја и такви кои се прашуваа дали компанијата може да си дозволи такво зголемување на платата.
Денес, 2,5 години покасно, можам да кажам да кажам дека резултатите иако многу позитивни, донесоа и некој неочекувани предизвици. Најголемата мана на одлуката за минималец од 70 000 долари е што направи големо недоразбирање околу тоа кој сме ние како компанија. Наша цел секако е да даваме финансиски услуги, со кои ќе им помогнеме на независните бизниси, чии што профити најчесто ќе ги “изедат” провизиите на големите банки и другите даватели на услуги. Наша најголема сила како компанија е страствениот пристап, и поради тоа луѓето сакаат да работат за нас.
Но поради целата таа медиумска бура, станавме познати како “70 000 долари компанија”. Ова име имаше негативно влијание на нашата компанија- ги збунуваше потенцијалните клиенти, и фрлаше сенка, на нашата посветеност кон застапувањето на независните бизниси. Моравме да трошиме голема количина енергија за да ги разбиеме забулудите во врска со тоа што е Gravity Payments.
Од друга страна, вработените доживеаа подобар квалитет на живот, и можеа да прават работи кои порано не можеа да си ги дозволат поради финансиската ситуација. Се случи и бејби бум во компанијата. После објавата за платите од 70 000 долари, дури 13 вработени добија деца… Голем број на членови на Gravity тимот купија куќи, а некој од нив се припадници на младата генерација.
Се на се, не би можел да бидем горд на промените кои се втемелија во компанијата. Не знаеме што носи утрешнината, но додека им помагаме на нашите луѓе да создаваат подобра иднина за себе и своето семејство,и се додека создаваме опкружување во кое луѓето знаат дека се сигурни и згрижени, убеден сум дека можаме да се избориме со било кој предизвик на нашиот пат.
*Сепак имајте предвид дека државата каде што е сместена Gravity Payments има минимална годишна плата од 37 000 долари. Walmart или McDonald’s да воведат минимална плата од 70 000 долари ќе пропаднат за една година. И друго, тој доброволно се откажал од дел на неговиот профит, не го натерала државата. Но без разлика на овој пример, профитниот мотив останува еден од главните мотиви зошто луѓето отвараат бизниси и превземаат ризици.
[yop_poll id=”4″]