Совети како да го извадите максимумот ако работите од дома
Работата од дома може да биде вистинско богатство, особено за тие кои се навикнати да работат во канцеларии со многу луѓе, многу одвраќање на вниманието, многу галама и недостаток на комфорт. За разлика од тоа работата од дома може да биде мирна, пријатна во опкружување како што само домот може да обезбеди. Но многу ќе се занесат во тие моменти и работата поради тоа ќе трпи.
Затоа е многу важно да внимавате на овие пет основни работи за работата од дома да биде цело време пријатна, но и продуктивноста во ниту еден момент да не биде доведена во прашање.
1.Создадете си работно опкружување
Под тоа се мисли на еден вид на канцеларија, дел од вашиот дом што ќе го претворите во работен дел, каде што ќе ви бидат сите потребни работи за извршување на работата на дофат. Можеби тоа изгледа очигледно, но многу од оние кои работат од дома ќе го зафатат делот што е свртен спрема улица, каде проаѓаат многу автомобили и минувачи, или во делот каде што се сместени сите електронски апарати. Тоа е одвраќање на вниманието и тоа треба да се избегне или намали на што е можно пониско ниво. Исто така, на сите што се по дома е важно да им дадете до знаење дека додека сте во тој свој дел никој не смее да ви смета.
2. Набавете си најдобра можна работна столица
Обично оние кои работат од дома имаат повеќе работа од луѓето што работат во канцеларија, а тоа значи дека некогаш седат пред компјутер и по 12-16 часови на ден! Исто така се знае и дека седењето е “тивок убиец” па не е тешко да се заклучи дека на ‘рбетот и вашето здравје треба да им се даде тоа што е најдобро. Таква инвестиција е корисна и потребна.
3. Правете повеќе паузи
Иако на сите ни е јасно дека треба да се земаат паузи од време на време, тие кои работат од дома поради непостоењето на колеги и работно опкружување кое го нудат компаниите често забораваат после неколку часа да станат и да го исправат ‘рбетот од работната столица и да ги истегнат нозете, да јадат нешто, и да му дадат на телото одмор кој му потребен, односно рекрација која му е потребна. Не заборавајте на тоа, зошто тоа е многу поврзано со вашето здравје. (продолжува на страна 2)