Една од најразвиените земји во светот остана без автомобилска индустрија

Австралиската авто-индустрија официјално “умре” затоа што Holden филијалата на американската General Motors го затвори својот погон во Јужна Австралија, откако истото го направија претходно и Toyota и Ford.

“Крајот на Holden е многу тажен ден за работниците и за секој Австралијанец. Тоа е крај на една ера”, изјави премиерот Malcolm Turnbull.

Според првите процени, од 30 000 до 50 000 луѓе останале без работа, поради овој егзодус. Бројот на директни отпуштања е 5000 додека реалниот број се движи блиску до 50 000 ако се рачуна бројот на луѓе кои беа индиректно вклучени во производството во Holden.

Австралија планира да ја зголеми воeната потрошувачка за околу 23,5 милијарди долари до 2022 година, како би произвела бродови, оклопни бродови и подморници кои ќе бидат сконцентрирани во Јужна Австралија.

Но на луѓето кои изгубиле работа ќе им биде “потребна обука за да можат да работат во одбраната, рударството, воздухопловството… “изјави државниот секретар на тамошната Работничка унија.

Првиот автомобил произведен во Австралија бил од марката Holden и бил произведен во 1948 година,после Втората светска војна компанијата била поддржана од австралиската влада која сакала да го засили домашното производство на автомобили и на државата да и даде некој глобален статус.

Во текот на шеесетите и седумдесетите, Holden беше најпопуларен автомобилски бренд во Австралија кој тогаш се натпреваруваше со Ford.

Меѓутоа, извештајот од 2013 година покажа дека Holden веќе не може да си дозволи производство на автомобили во таа држава.

[yop_poll id=”4”]

error: Content is protected !!